Свет

Турски авиони ги надлетуваат грчките острови, ќе ги срамниме со земја ако стапнат, вели Апсотолакис

Два турски борбени авиони на висина од околу 7.600 метри ги надлетуваа островите Оназис во два наврати. Нив ги пресретнале грчки борбени авиони. Два турски борбени авиони во два наврати утрово го надлетале и островот Кастелоризо, на висина од 1.200 метри и 7.600 метри, како и островчето Ро, на малоазискиот брег на Турција. Претходно, началникот на Генералштабот на грчката Армија, Евангелос Апостолакис ја предупреди Турција дека Грција е решена да одговори во случај на ескалација на турските провокации. Апсотолакис, на средба со грчките новинари, ја истакнал оперативната способност и подготвеност на Армијата на Грција во случај да бидат загрозени суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни