Свет

Секретарот за одбрана Матис поднесе оставка од функцијата

Државниот секретар за одбрана  на САД, Џејмс Матис, преку писмо ја извести американската јавност дека кон крајот на февруари си поднесува оставка.

Матис во своето писмо наведе дека се повлекува со цел Трамп да може да добие секретар за одбрана, чии ставови ќе му бидат поблиски.

– Бидејќи имате право на секреатр за одбрана, чии ставови подобро ќе се согласуваат со вашите за ова или она тема, сметам дека за мене е исправно да се повлечам од функцијата – наведува Матис во писмото до Трамп.

Матис во септември беше во посета на Македонија за да даде непосредна поддршка, од каде порача дека го поздравува договорот од Преспа и дека ја очекува земјава во НАТО.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни