Свет

Мексиканската гувернерка и нејзиниот сопруг загинаа во хеликоптерска несреќа

Гувернерката на мексиканската држава Пуебла, Марта Ерика Алонсо и нејзиниот сопруг, Рафаел Морено, загинаа во хеликоптерска несреќа, јави ДПА.

Хеликоптерот од моделот Аудуста 109 се урна десетина минути по полетувањето, недалеку од главниот град на Пуебла. Тие планирале да отпатуваат во главниот град на Мексико. Се уште нема извештаи за причината за несреќата. Во несреќата загинале уште еден патник и двајцата пилоти.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изрази сочувство до роднините на жртвите.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни