Балкан

Во Софија протест против воведувањето на зелениот сертификат – демонстрантите сакаат да влезат во Собранието

Во Софија протест против воведувањето на зелениот сертификат – демонстрантите сакаат да влезат во Собранието

Во Софија се одржува протест пред Народното собрание во организација на партијата „Преодба“.

Тензиите на плоштадот ескалираа откако демонстрантите влегоа во судир со бугарската полиција.

Дел од демонстрантите се качија по скалите на Националното собрание и удираа по прозорците од вратите сакајќи да упаднат во зградата.

Полицијата се обидува да ја задржи толпата. Од парламентарната партија Преродба ја повикуваат полицијата да им дозволи на демонстрантите.

Стотици граѓани учествуваа на националниот протест пред Народното собрание, организиран од партијата Преродба. Лидерот на партијата Костадин Костадинов ги охрабри демонстрантите да упаднат во бугарскиот парламент преку видео ѕид пред Народното собрание. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни