Српскиот претседател Александар Вучиќ ја опиша ситуацијата за светскиот мир како комплицирана со најавата на Руската Федерација за признавање на двете сепаратистички републики Доњецк и Луганск. Одлуката на рускиот лидер Владимир Путин да ги признае ДНР и ЛНР ќе доведе до зголемен надворешнополитички притисок врз Србија , рече Вучиќ.
Според него, глобалната безбедносна архитектура е нарушена.
„Се разбира, загрижен сум, нашата позиција нема да биде лесна … ова ќе ја доведе Србија во ситуација со бројни предизвици – политички, економски, безбедносни“, изјави Александар Вучиќ во телевизиско интервју. Тој очекува политичкиот притисок врз Србија по одлуката на претседателот Путин од различни земји да се искачи на ниво повисоко од кога било досега.
„ Само она што го доживеав во последните три дена ги потврдува моите зборови, а јас сум на власт 10 години и поминав низ многу работи и различни видови на притисоци.
Одлуката ја уништува актуелната безбедносна архитектура ширум светот и никој не може да каже до што ќе доведе тоа, заклучува Александар Вучиќ.