Свет

Потона брод во близина на турскиот брег во Црното Море, двајца загинати

Товарен брод на кој се наоѓале неколку државјани на Русија, потона денеска во Црното Море во близината на турскиот брег во административната провинција Самсун, јавуваат локалните власти.

„На местото на несреќата пристигнаа спасувачки хеликоптери. Во овој момент седум членови на екипажот се спасени, а пронајдени се тела на двајца загинати“, се наведува во соопштението.

Спасувачите добиле сигнал дека бродот „Волга Балт“ кој се пловел под знаме на Панама. Тој се наоѓал на 80 километри од Самсун, и имало 13 членови на екипажот.

 

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни