Доколку досега сте патувале со авион, веројатно сте забележале дека на дното на секој прозорец постојат мали дупки. Тие дупчиња се направени за поголема безбедност, а се наменети за регулација на притисокот на прозорските стакла кој доаѓа од кабината и надворешниот дел на авионот, така што низ нив циркулира воздух. Освен тоа, дупчињата имаат намена да го спречат замрзнувањето и замаглувањето на авионските прозорци.
Прозорците на авионите се направени од три слоеви, надворешен, среден и внатрешен – од акрил и стакло. Безбедносната дупка се наоѓа во средниот слој, пишува „Дејли мејл“.
За појаснување, по полетувањето на авионот и искачувањето во воздухот, притисокот на надворешниот воздух е во постојан пад, додека притисокот на воздухот во кабината е во постојан пораст. Поради големата разлика меѓу притисокот во кабината и надворешноста, прозорците на авионите се под голем притисок и може да се оштетат, но дупката во средното стакло е поставена за да се спречи тоа.
Исто така, во случај надворешниот слој да пукне, другите два се доволно силни за да издржат до слетувањето на најблискиот аеродром.
Пилотот во видеото ја објаснува функцијата на овие дупчиња и структурата на авионските прозорци.
Прозорците во авионите се тркалезни, а не аголни, исто така поради поголема безбедност на патниците. Првиот комерцијален авион, изграден во 1952 година, имал аголни прозорци, што се покажало погрешно. Имено, таквите прозорци често не можеле да ја издржат разлика во притисокот однадвор и внатре и пукале. По неколку несреќи, експертите сфатиле дека вградувањето тркалезни прозорци ќе биде најдобро решение.
Читај и ова:
- 1.Нуркачи влегоа во црква стара 460 години: Поплавена и покрај јавниот протест во 2016 година
- 2.Она што Германците го избегаваат, Балканците го купуваат: Половни автомобили би можеле да ги преплават патиштата поради една регулатива
- 3.Соседите спасија четири деца од запалена куќа: Пожарникарите им честитаа!
- 4.Возеле цик цак на автопатот Тетово-Гостивар – полицијата ги застана и во возилото им пронајде кокаин и пари!
- 5.Дневен хороскоп за 5 октомври 2025 година