Живот

Паричен хороскоп за мај 2022: Парите ќе се лепат за овие два знака!

Доколку сте родени во еден од овие 2 знаци, во наредниот месец ве очекува изобилство

Ако им се верува на астролозите, овие 2 знаци нема да мора да мрднат со прст, а парите ќе се залепат за нив.

Венера на почетокот на мај ќе биде во знакот Риби, а бидејќи е планета со изобилство, тоа убаво ќе се одрази на финансиската состојба на овие знаци. Еве кој ќе има најмногу среќа во мај, барем кога се парите во прашање:

БИК

Ова е месецот кога вашите напори конечно почнаа да се исплатат. Работевте со години, сега е време да ги соберете наградите. Ќе имате среќа и во игрите на среќа.

Ќе остварите и финансиска добивка со работа со пријателите, па не бегајте и од таа опција. Овој месец ќе ви се отворат некои неочекувани можности, но размислете добро пред да ја донесете вистинската одлука. Пари ќе има, но важно е добро да размислите.

ЛАВ

Финансиската поддршка може да дојде од постари роднини или да се работи за некои заостанати плаќања за осигурување, вредни подароци, па дури и наследство.

Слушајте ја вашата интуиција и водете се според неа кога донесувате одлуки кога се во прашање парите. Играјте безбедно и не се препуштајте на финансиски авантури. Ако правите паметни потези, ѕвездите ќе ве наградат со голема сума на пари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни