Свет

Зеленски покрена платформа за помош на Украина

Зеленски покрена платформа за помош на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски започна глобална платформа за собирање средства со цел да и помогне на Украина да ја победи Русија и да ја обнови инфраструктурата на земјата.

– Со еден клик можете да донирате средства за заштита на нашите бранители, спасување на нашите цивили и обнова на Украина, истакна Зеленски, најавувајќи го покренувањето на платформата „Јунајтед24″ (United24).

Тој додаде дека сите средства ќе бидат префрлени во Народната банка на Украина и доделени на надлежните министерства.

Зеленски наведе три области за кои ќе се користат собраните средства: одбрана и деминирање, хуманитарна и медицинска помош и обнова на критичната инфраструктура.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни