На денешниот брифинг извршната директорка на Секретаријатот за борба против сипаници во СЗО, Розамунда Луис, рече дека мутациите на овој вирус обично се малку и најави дека секвенционирањето на геномот ќе помогне да се разбере моменталната епидемија.
Светската здравствена организација нема докази дека вирусот на мајмунски сипаници мутирал, изјави денеска извршната директорка на секретаријатот за борба против сипаници во СЗО, Розамунда Луис.
Таа изјави дека оваа заразна болест е ендемична во Западна и Централна Африка и дека нема тенденција за промена, пренесе Ројтерс.