Свет

ЕУ одобри уште половина милијарда евра воена помош за Украина

ЕУ одобри уште половина милијарда евра воена помош за Украина

Советот на ЕУ соопшти дека одобрил уште половина милијарда евра воена помош за Украина. Средствата ќе бидат наменети главно за обезбедување на смртоносно заштитно оружје (490 милиони евра), а остатокот ќе биде за заштитна опрема и гориво.

ЕУ веќе обезбеди 1,5 милијарди евра воена помош за Украина, а со денешната одлука вкупната сума достигнува две милијарди евра, се вели во соопштението. Се додава дека можностите кои ќе бидат обезбедени со европска поддршка се во согласност со потребите на украинските власти.

Помошта е наменета за заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, како и цивилите од руската воена агресија.

Русија уште еднаш повика на итно и безусловно повлекување од украинските земји, прекин на огнот и почитување на меѓународно признатите граници.

„Приказната за утре се пишува денеска на украинското бојно поле“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, додавајќи дека ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина до крајот на војната.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни