Свет

Судир меѓу полицијата и нарко-бандата во Рио, загинаа над 20 лица

Судир меѓу полицијата и нарко-бандата во Рио, загинаа над 20 лица

Најмалку 21 лице загина во полициска рација во Рио де Жанеиро во обид да се уапсат водачите на најголемата организација за трговија со дрога во тој град.

Акцијата против криминалната банда Командо Вермељо се одвивала во сиромашен кварт на северната страна на бразилската метропола.

Силни пукотници почнаа околу 4 часот наутро, велат жителите на фавелата.

Меѓу загинатите има најголем број членови на бандата кои отвориле оган кон полицијата со автоматско оружје.

Во престрелката настрадала и 41-годишна жена, која при пукањето била погодена од заскитан куршум.

„Тоа беше многу интензивен конфликт“, изјави полковникот Иван Блаж.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни