За време на уште една поплава во Индонезија, бранови високи 2,1 метар ги пробиле ѕидините на градот Семаранг во областа Централна Јава.
Нивото на надојдената вода во централна Јава достигна 2,1 метар, што е највисоко ниво во оваа област во последните неколку децении, пренесува Ројтерс.
High waves breached the seawall of the city of Semarang in Central Java, causing floodwaters to reach 2.1 meters, among the highest levels seen in the area in decades pic.twitter.com/yIQUiASVfP
— Reuters (@Reuters) May 24, 2022
„Ова е најтешката и најголемата поплава што некогаш се случила. Исто така, поради затемнувањето што настана, машината за пумпање вода не работеше добро. Уништениот градски ѕид создаде и силен плимски бран“, изјави за Ројтерс пристанишниот работник Сенди Сампурна.
Според податоците на Регионалната агенција за справување со катастрофи, кои велат дека се уште се проценуваат штетите, поради поплавата од вторникот се евакуирани повеќе од 2.000 луѓе.