Свет

Зеленски: Подготвен сум директно да разговарам со Путин

Зеленски: Подготвен сум директно да разговарам со Путин

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен директно да разговара со рускиот претседател Владимир Путин, а не со помош на посредник.

Тој додаде дека „доколку рускиот претседател ја разбере реалноста, постои можност да се постигне дипломатско решение на конфликтот“, објави Ројтерс.

Зборувајќи пред публиката на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски рече дека Украина ќе се бори додека не ја врати целата своја територија.

Украинскиот претседател рече дека Москва треба да ги повлече своите војници на местото каде што беа пред почетокот на нападот, на 24 февруари.

„Ова може да биде првиот чекор кон разговорите“, рече Зеленски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни