Градските власти на Мариупол, украинскиот пристанишен град на Азовското Море, веруваат дека во тој град биле убиени 22.000 луѓе во текот на трите месеци од војната, изјави за Си-Ен-Ен советникот на градоначалникот Петро Андриушченко.
„Мариупол сега е град на духови“, рече тој.
Според него, бројката од 22.000 жртви се заснова на многу контакти што тој, кој побегнал на територијата што ја држи неговата земја, и други градски власти ги имаат со оние што останале заробени во Мариупол. Сепак, тој верува дека реалната бројка може да биде уште поголема.
Андрјушенко рече дека процесот на повторно погребување на мртвите е комплициран поради инсистирањето на руските власти пронајдените тела да се донесат во мртовечница и дека лицето кое сака да го преземе телото мора да се согласи да сними видео во кое ќе каже дека починатиот бил убиен од украинската војска.
Врз основа на информациите собрани од неговите извори, Мариупол бил вратен во средниот век.
„Во градот е целосно темно. Единствените светла се од руски војници и руски патроли. Мирисот на смртта и мирисот на оган се чувствуваат насекаде“, рече Андриушченко.
Тој додава дека неговите контакти го опишуваат градот како погоден од хуманитарната катастрофа и многу малку контакти со надворешниот свет. Мобилната телефонија само што почнува да се обновува.
Тој изјави и дека жителите не можат слободно да се движат, како и дека се потребни посебни пропусници за секое движење во градот, а се спречени и да избегаат.
Мариупол беше во центарот на жестоката, повеќемесечна битка меѓу украинските и руските сили и проруските борци.
Официјално падна во рацете на Русите минатиот петок, кога се предаде последната група украински борци од фабриката за челик Азовстал.