Во наредбата објавена на претседателската веб-страница, Зеленски вели дека ја поддржува петицијата поднесена од еден граѓанин во која бара да се прекине оваа практика, пренесе Ројтерс.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска нареди укинување на безвизниот режим за руските граѓани, наведувајќи ја потребата од подобрување на граничната безбедност по руската инвазија.
Досега на руските граѓани им беше дозволено да ја посетуваат соседна Украина без визи.