Пожарот избувна синоќа во локомотива на патнички воз на станицата Синај, поради што десетици луѓе, меѓу кои и деца, мораа да бидат евакуирани , соопшти локалниот Инспекторат за вонредни состојби.
Возот сообраќал од Букурешт кон Брашов, а во него имало 30 лица, меѓу кои и две малолетни.
Луѓето од возот се евакуирани и се наоѓаат во чекалната на железничката станица.
Маж (32) кој се обидел да го изгасне пожарот се здобил со повреди на десната дланка, а во меѓувреме пожарот бил изгаснат.