Македонија

Собранието на Република Македонија нема имотен лист со право на сопственост на земјиштето и објектот во кој тоа е сместено

Собранието на Република Македонија нема имотен лист со право на сопственост на земјиштето и објектот во кој тоа е сместено

Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска на својата на веб-страницата ги објави ревизорските извештаи за Собранието на  Македонија, поточно три сметки.

Од ДЗР информираат дека за ревизорскиот извештај на Собранието, сметката за буџет на донација – Програма за поддршка на Парламентот (785- 60) изразиле мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики. Наведуваат дека не се добиени забелешки на Нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор.

Во ревизорскиот извештај се наведува дека клучни системски слабости се доуредување на регулативата во однос на: основицата за плата на избрани и именувани лица, ангажманот на надворешни соработници, отсуствата на пратеници и надоместокот на трошоци за патарини.

Со ревизорскиот извештај на Собранието, сметката за буџет на донација од Швајцарска Конфедерација (785-40), нема утврдено препораки и системски слабости, а изразено е мислење без резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста со законска регулатива, упатства и воспоставени политики.

Не се добиени забелешки на Нацрт извештајотна овластениот државен ревизор.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни