Свет

Зеленски: Донбас ќе биде украински

Зеленски: Донбас ќе биде украински

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека Русија лаже ако мисли дека Лиман или Северодоњецк ќе бидат нејзини.

– Донбас ќе биде украински, истакна Зеленски во видео обраќањето. Тој додаде дека дури и ако Русија носи уништување и страдање насекаде, Украина сепак ќе го обнови секој град.

Зеленски оцени дека ситуацијата во Донбас е многу тешка и дека руските сили се обидуваат барем за 100 дена да ги постигнат целите што се надеваа дека ќе ги остварат уште во првите денови од конфликтот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни