Свет

Двајца загинаа, а девет се повредени од пад на мраз на швајцарските Алпи

Двајца загинаа, а девет се повредени од пад на мраз на швајцарските Алпи

Двајца алпинисти загинаа, а девет други се повредени од паѓање на парчиња мраз на Алпите во јужна Швајцарија, објави Ројтерс.

Полицијата во кантонот Вале добила дојава за несреќата нешто по 6 часот по локално време. Испратени се седум спасувачки хеликоптери.

Ледените санти паднаа врз група од 17 планинари на надморска височина од 3400 метри. Двајца од алпинистите, 40-годишна Французинка и 65-годишен Шпанец загинале на лице место.

Полицијата соопшти дека уште девет лица се префрлени во болница, а две се тешко повредени.

Другите планинари беа евакуирани со хеликоптери.

Обвинителството започна истрага за утврдување на околностите на несреќата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни