Македонија

„Од јули струјата во Македонија поскапува за 10%“

Актуелната Влада капитулираше пред енергетската криза, а ударот повторно е врз џебот на граѓаните, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Од 1-ви јули граѓаните ги очекува нов ценовен шок со тоа што покрај досегашните 30% поголема цена за струја од доаѓањето на Владата на СДСМ, од 1-ви јули ќе има минимум 10% зголемување на сметките за струја кај граѓаните“, изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата додаваат дека граѓаните и индустријата добиваат за три пати повисоки сметки за струја.

„Таа на отворена сцена капитулираше пред енергетската криза за нешто за кое ВМРО-ДПМНЕ уште пред една година предупредуваше за време на брифинзите ,но и за време на прес конференциите дека доколку не дојде до преструктуирање и доколку не дојде до стопирање на тендерите во четири очи и крадењето во денешно ЕСМ за жал сметката на крајот на денот ќе платат граѓаните“, додаде Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни