Температурите во јужните турски окрузи Денизли и Адана достигнаа 40 степени Целзиусови, објавија турските медиуми.
Поради жештините, кои не се типични за сезоната во југозападниот турски град Денизли, на повеќе места почна да се топи асфалтот. Тоа предизвика големи тешкотии за возачите и пешаците во градот, според Си-Ен-Ен-Турк.
Во Адана вчера напладне жива колона пријави 40 степени. Голем дел од жителите на градот избраа поголемиот дел од денот да го поминат во парковите, информира ДХА.