Авион на приватна авиокомпанија во Непал исчезна со 22 лица, објави Ројтерс.
Авионот летал од туристичкиот град Покара, на околу 20 километри северозападно од главниот град Катманду, до планинското село Џомсом – околу 80 километри северозападно.
Авионот е на Tara Air, која користи главно канадски машини Twin Otter.
Летот требаше да трае 15 минути. Контактот со екипажот бил изгубен веднаш по полетувањето.
Во авионот имало тројца членови на екипажот и 19 патници. Според локалните медиуми, со авион патувале 13 Непалци, четворица Индијци и двајца Германци.
Во областа врне дожд веќе неколку дена, но летовите беа закажани. Авионите кои летаат на оваа рута минуваат меѓу планинските масиви и слетуваат во долина.
Областа е популарна средина за странските планинари кои пешачат по планинските патеки, како и за аџиите од Индија и Непал кои го посетуваат почитуваниот храм Муктинат.