Сојузот на Синдикати на Македонија преку соопштение бара доследно да се почитуваат Законот за трговија и Законот за работните односи во делот на законските измени за недела – неработен ден односно ден за неделен одмор и да не се озаконуваат незаконитостите.
„Најавените предлог Закони со самото тоа што веќе се доставени до Собранието тоа е сторено без социјален дијалог и претставува потценување на претставниците на работниците и работниците во целина што е недозволиво“, велат од Синдикатот.
Од Синдикатот велат дека со самото доставување до Собранието се крши социјалниот дијалот и претставува потценување на претставниците на работниците.
-Притоа, потсетуваме дека со законските измени, Сојузот на синдикатите на Македонија и социјалните партнери обезбедија можност неопходните дејности кои нагласуваме дека заеднички ги утврдивме во исклучоците да имаат можност да работат во недела но за тоа да платат додаток на плата за најмалку 50 до 100%. Сметеме дека ваквите чекори го уназадуваат социјалниот дијалог во Државата и го миноризираат Економско социјалниот совет и договорите помеѓу работниците, работодавачите и Владата и на таквиот начин го оневозможуваат правото на најзасегнатите страни да учествуваат во социјалниот дијалог преку кој во изминатиот период се донесоа многу значајни решенија за сите, велат од ССМ.