Свет

Опасност од нова варијанта на ковид, а не мајмунски сипаници, изјави шефот на компанијата Фајзер

Новите варијанти на коронавирусот кои нема да бидат засегнати од сегашните вакцини претставуваат поголема закана за глобалното јавно здравје од епидемијата на мајмунски сипаници, изјави извршниот директор на фармацевтската компанија Фајзер, Алберт Бурла.

Порастот на инциденти со мајмунски сипаници во 21 земја надвор од Африка предизвика загриженост дека значајна епидемија е во тек, но Бурла рече дека веројатно нема да ескалира во пандемија.

„Бевме предупредени како и сите други кога забележавме зголемување на случаите, бидејќи немавме случаи и одеднаш ги имаме, но во моментов не сум загрижен“, изјави Бурла за Скај њуз.

Како што рече, „набљудуваме и следиме многу внимателно“.

„Се чини дека ова е ситуација која не е толку пренослива, па е многу тешко да се претвори во пандемија, а по секоја веројатност веќе има вакцини кои можат да делуваат. „Остануваме смирени и ја следиме ситуацијата, но мислам дека вистинскиот проблем во моментов е сè уште Ковид“, рече Бурла.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни