Македонија

ФОТО: Обилни врнежи од град во Пелагонија

ФОТО: Обилни врнежи од град во Пелагонија

Град со големина на лешник попладнево ја зафати општина Могила. Според наши информации врнежи има и во останатите делови од Пелагонија.

Во моментов не се знае дали има големи штети нанесено врз земјоделските посеви.

Денес времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време со поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд кој преку денот ќе се прошири од запад кон исток и ќе биде проследен со грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголемо количество воден талог), електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. УВ=6

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Попладне променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. T= 25 °C, P= 970 hPa, U= 70 %, V= 4 m/s.

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 54 Ѓуриште, 21 Кр.Паланка, 17 Тетово, 8 Пожаране, 7 Битола, Виница, 5 Прилеп, Крушево, 4 Штип, 3 Скопје Зајчев Рид, Охрид, 2 Д.Капија, Берово, 1 Струмица, Маврово.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни