По обилните врнежи од дожд во скопската населба Пинија се урна потпорен ѕид при што урна и дел од уличното осветлување на булеварот, затворајќи ги привремено трите коловозни ленти.
На терен се екипи на полицијата кои го регулираат сообраќајот, а се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината по условите на патот.
Големи штети направија и врнежите од град во Лозово.