Свет

Украина: Во Мариупол има колапс, воздухот смрди на мртви тела

Украина: Во Мариупол има колапс, воздухот смрди на мртви тела

Градскиот советник на Мариупол, украинскиот пристанишен град кој падна во руски раце, зборуваше за украинската телевизија Еспресо за моменталната ситуација во тој град во југоисточна Украина.

Олександар Лашин вели дека условите во градот се ужасни и дека има недостиг од вода и струја.

„Во Мариупол има колапс. На некои места има струја, а окупаторите им дадоа вода на некои луѓе, но улиците се поплавени. Канализација тече по патиштата, насекаде смрди. Се чувствува и смрдеа на мртви тела. – изјави Лашин.

„Руските окупатори не можат да воведат ред. Граѓаните не можат да заминат, тие се едноставно затвореници на окупаторите“, додаде тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни