Првиот сезонски ураган на Пацификот – „Агата“, се приближува до југозападниот брег на Мексико и се очекува да стигне на копно во понеделник.
Американскиот национален центар за урагани денеска соопшти дека Агата била придружена со ветрови со брзина од 120 км/ч.
Неговата локација е утврдена на околу 320 километри од Пуерто Ангел во мексиканската држава Оахака.
Агата стана ураган од прва категорија за време на викендот.
Мексиканската метеоролошка служба издаде предупредување за опасни по живот поплави и лизгање на земјиштето. Властите во Оахака ги повикаа луѓето да се држат подалеку од реките и да бараат засолниште во области на висока надморска височина.
Сезоната на урагани во Пацификот трае од 15 мај до 30 ноември.