Земјите од Европската унија денеска не успеаја да се договорат за ембарго на руската нафта, но разговорите ќе продолжат утре наутро, обидувајќи се навреме да подготват договор за самитот во понеделник попладне. Ова го изјави претставник на ЕУ, цитиран од Ројтерс.
Земјите од ЕУ разговараат за предлогот кој вклучува забрана за испорака на руска нафта во ЕУ по морски пат до крајот на годината, но предвидува исклучок за испораките на нафта преку нафтоводот Дружба, кој ги снабдува Унгарија, Словачка и Чешка.