Свет

Зеленски ја посети линијата на фронтот кај Харков

Зеленски ја посети линијата на фронтот кај Харков

Во текот на тешките напади на руските трупи во обид целосно да ги контролираат регионите Луганск и Доњецк, Владимир Зеленски ја посети линијата на фронтот кај Харков.

Ова е прво излегување на претседателот од регионот на Киев од почетокот на агресијата.

Зеленски го испита уништувањето во градот, каде неколку часа претходно руски проектили погодија голем соларен парк.

Повеќе од 2.200 домови се уништени во градот и областа, а претседателот им ветил на локалното население дека тие ќе бидат обновени.

Зеленски повторно ги повика своите западни партнери да достават тешко оружје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни