Македонија

Експлозивни материи има позади фабриката која гори во Тетово – зголемено нивото на ПМ10 честици во воздухот!

Експлозивни материи има позади фабриката која гори во Тетово – зголемено нивото на ПМ10 честици во воздухот!

Хеликоптер на МВР е веќе во Тетово, но постои разногласие дали треба да се интервенира од воздух. Директор на ЦУК Стојанче Ангелов на пладне ги брифираше медиумите за моменталната состојба со пожарот во Тетово.

„Не е алармантна состојбата со гасови во воздухот од оние податоци кои ги имаме, има зголемено ниво на ПМ честици кои во моментов се кренати горе но подоцна истите ќе се спуштат долу“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Ангелов вели дека огнот го имааат под контрола.

„Проблем е што гаснењето со вода на ваков пожар директно од воздух може да доведе до распламтување на пожарот бидејќи самата вода може да предизвика ширење на пожарот. Побаравме по самата линија на пожарот да биде фрлена водата од воздух за да пожарот биде пресечен“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни