Македонија

Во готовност е и армискиот хеликоптер, припадници од касарната во Тетово се вклучија во гаснење на пожарот

Во готовност е и армискиот хеликоптер, припадници од касарната во Тетово се вклучија во гаснење на пожарот

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во изјва за ТВ21 вели дека во готовност е и армискиот хеликоптер да биде вклучен доколку има потреба за пожарот во Тетово.

„Припадниците од касарната во Тетово веќе се вклучени, нашиот хеликоптер е во приправност, за сега е само вклучен тој на МВР“, изјави Славјанка Петровска која моментално е во Вашингтон.

Се очекува во Тетово да пристигнат и екипи на ТАВ Македонија за да се започне гаснење на пожарот со специјална пена.

Претходно директорот на ЦУК рече дека постои разногласие дали треба пожарот да се гасне од воздух, оти за време на вакви пожари тоа може само дополнително да го разгори огнот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни