ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денеска и официјално ја поднесоа Интерпелацијата за работа на претседателот на Собранието.
Ова на прес-конференцијата го соопшти координаторот Никола Мицевски, кој истакна дека оваа интерпелација е резултат на прекршувањата на Џафери.
„Ова е резултат на хаосот што се случува во Собранието, а кој е под директива на Џафери и како резултат на најчестите прекршувања на Деловникот, како и самоволието што го прави Џафери во законодавниот дом, што сериозно го загрозува угледот на оваа институција“, рече Мицевски.
Тој ги повика сите пратеници да се приклучат на интерпелацијата.