Македонија

ВИДЕО: Хаос низ Македонија, секој ита кон бензиска за да наполни за 9 денари поевтино гориво

ВИДЕО: Хаос низ Македонија, секој ита кон бензиска за да наполни за 9 денари поевтино гориво

Нема бензиска станица во Скопје и низ Македонија каде што вечерва нема колони. Прилината е јасна, секој брза да наточи гориво за 9 денари поевтино.

Ова следува откако Владата не ги продолжи мерките кои претходно ги донесе за да влијае врз цената на нафтените деривати.

Од утре повторно ДДВ-то ќе биде 18% наместо досегашните 10%

Се враќа и акцизата преку која  во зависност од берзата, цената се намалуваше од 1 до 3 денари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни