Дури 48,4 проценти од населението посегнува по цигара, со што државата успеа да се искачи високо на светската топ 10- листа на земји најголеми зависници од тутун.
Македонија е лидер по бројот на пушачи во регионот и во Европа. Дури 48,4 проценти од населението посегнува по цигара, со што државата успеа да се искачи високо иа светската топ 10- листа на земји најголеми зависници од тутун. Македонците во просек пушат по 20 цигари на ден, а најбројни меѓу пушачите се мажите.
Како земја којашто има најниски цени на цигари во регионот и во Европа, како и најниско даночно оптоварување, не е ни чудо што тутунот е лесно достапен до секого. Особено загрижува тоа што над 30 отсто од младите пушат.
Само кај 11 отсто од пушачите во земјава не се пуши дома, а непушачите се изложени на чадот од цигарите не само во угостителските објекти, туку и во јавните институции, и покрај законската забрана.
Цело дрво се уништува за да се направат 300 цигари, соопшти Светската здравствена организација. Пушењето ослободува повеќе од 7.000 хемикалии во животната средина, од кои 70 се познати како канцерогени.
Најголема штета од цигарите останува онаа по здравјето, велат експертите. Пушењето е една од главните причини за 18 отсто од смртните случаи во Бугарија, што е над просекот на Европската унија.