Американската амбасадорка во Македонија, Кејт Мери Брнс гостуваше во „Емисијата 200“ на „Алсат“, при што кажа кои теми најмногу ја загрижуваат.
Брнс вели дека ја загрижуваат две теми и сака да ѝ помогнат на Македонија во решавање на проблемите.
„Има некои области во Македонија кои нè загрижуваат. Посебно сме загрижени за две од нив, а под број еден е корупцијата. Тоа е закана за идната безбедност, стабилност и просперитет на државата. Втората работа која нè загрижува е состојбата на младите, кои се разочарани од можностите во Македонија“, вели амбасадорката.