Свет

За влез во Турција од денеска веќе не е потребен негативен тест за корона

За влез во Турција од денеска веќе не е потребен негативен тест за корона

Негативен ПЦР или брз тест за корона вирусот на сите гранични премини веќе не е потребен за влез во Турција од денеска, објави Хуриет.

Министерството за внатрешни работи на Турција испрати циркуларно писмо до гувернерите на 81 провинција во таа земја во кое ги информира за укинување на обврската да имаат негативни PCR резултати или брз тест за коронавирус за влез во земјата преку сите гранични премини – воздушен. копнен, железнички и поморски.јави Интерфакс.

Претходно, туристите без потврда за вакцинација или потврда за Ковид-19 за влез во Турција мораа да поднесат негативен ПЦР тест направен најмалку 72 часа пред влезот или тест за антиген не постар од 48 часа.

Турција го укина и задолжителното носење маски на 30 мај, а тоа правило остана на сила само во медицинските установи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни