Свет

Ублажени ковид мерките: Овие правила ќе важат за влез во Јапонија

Ублажени ковид мерките: Овие правила ќе важат за влез во Јапонија

Јапонските власти од денеска ги олеснија мерките за ограничување на патувањата поврзани со корона вирусот , така што дневниот лимит за влез во таа земја е двојно зголемен, јавуваат локалните медиуми.

Како што се наведува, дозволен е влез до 20.000 луѓе, пренесува Интерфакс Русија.

Исто така, посетителите од 98 земји и региони со низок ризик ќе бидат ослободени од тестирање за коронавирус и карантин, дури и ако не се вакцинирани.

Овие земји ги вклучуваат Русија, САД , Обединетото Кралство, Кина и Јужна Кореја.

Луѓето од 99 земји и региони со среден ризик, исто така, беа ослободени од тестирање и карантин доколку примат три вакцини против коронавирус.

Оваа група вклучува Казахстан , Украина, како и голем број земји во Африка и Блискиот Исток.

Патниците од земји со висок ризик од инфекција со Ковид-10 ќе поминат три дена во карантин во специјален хотел, од кој ќе можат да излезат доколку третиот ден бидат негативни на коронавирус.

Оваа група вклучува четири земји, Албанија , Пакистан, Сиера Леоне и Фиџи.

За прв пат по две години, јапонската влада исто така планира да го обнови приемот на странските туристи од 10 јуни.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни