Сите основни прехрамбени производи од денеска поскапуваат, оти Владата не ги продолжи антикризните мерки со кои се влијаеше врз цената на продуктите.
Радио МОФ денеска и вчера беше во посета на еден поголем маркет во Скопје и направивме споредба помеѓу цените на различни производи. Она што можеше да се забележи е дека сончогледово масло за јадење е поскапо за 20 денари, додека за 8 денари е поскапа табла од 10 јајца од класа Л. Погледнете повеќе во инфографикот кој го подготви Радио МОФ.