Свет

ТАГА! На 37 години почина познат бодибилдер, неколку часа пред натпревар…

ТАГА! На 37 години почина познат бодибилдер, неколку часа пред натпревар…

Беше познат и успешен, а на денот на смртта учествуваше на натпревар во Германија.

Професионалниот бодибилдер од Полска Пол Полочек почина на 37-годишна возраст, веднаш по едно натпреварување во Германија. Зад себе ги остави сопругата и ќерката, а причината за смртта се уште не е соопштена. За жал, неговата трагедија е уште една во низата смртни случаи во неговиот спорт.

Сопругата на Полјакот Катрин Денев објави емотивна порака на Инстаграм: „Бодибилдингот беше твојот живот. Не си заборавен, ќе живееш во нашите срца. Ќе те сакаме засекогаш“, напиша таа. “Ќе направам се што можам за да го одржам твојот сон жив. Те сакам”, додала таа.

Во 2017 година, Полочек победи на аматерскиот натпревар „Арнолд Класик“, што му овозможи да стане професионалец.

Полочек живее во Германија од четиригодишна возраст и играше фудбал до својата 16 година, кога го привлече бодибилдингот. Својот прв јуниорски натпревар го освои една година подоцна, во 2002 година, а спортот го практикуваше континуирано до 2018 година. Потоа три години беше надвор од спортот, а потоа се врати во 2021 година. Колку беше успешен говори и тоа што неколку пати завршуваше во Топ 10 натпреварувачите во натпреварот „Мистер Олимпија“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни