Неколку часа до четиридневните прослави во Британија со кои ќе се одбележи 70-годишнината од владеењето на кралицата Елизабета Втора.
Милиони Британци ќе му оддадат почит на најдолготрајниот монарх во историјата на кралството.
И покрај прогнозата за дожд, земјата е подготвена да ја прослави годишнината од својата кралица.
Елизабета Втора (96) беше фотографирана на аеродромот во Абердин по нејзиниот престој во нејзината шкотска палата Балморал. Подоцна била забележана како се враќа во Виндзор.
Се очекува кралицата да ја види својата правнука Лилибет за прв пат во сабота, кога ќе наполни една година.
Првиот настан во богатата, помпезна и спектакуларна програма е парадата на Trooping The Color во центарот на Лондон. Подоцна, кралицата ќе се појави на балконот на Бакингемската палата за традиционалното воздушно шоу со 70 авиони на Кралските воздухопловни сили.
Во петок има специјална служба во катедралата Свети Павле и омилените коњски трки на кралицата во Епсом.
Сабота вечер е големиот концерт во Бакингемската палата со ѕвезди како Ед Ширан, Алиша Кис, Андреа Бочели, Квин и Дијана Рос. Во недела, свеченостите ќе завршат со голема парада во центарот на Лондон, во која ќе биде вклучен и кочијата што се користеше за крунисувањето.
Повеќе од 12 милиони Британци рекоа дека учествувале во неделните улични веселби.