Свет

Четири лица загинаа во престрелка во болница во САД

Четири лица загинаа во престрелка во болница во САД

Четири лица загинаа во престрелка во болница во американскиот град Тулса, Оклахома.

Мртов е и напаѓачот. Тој бил вооружен со пушка и пиштол. Се верува дека напаѓачот, кој се уште не е идентификуван, се самоубил. Нема информации за мотивите за нападот.

Локалните медиуми јавуваат и за ранетите на вториот кат во болницата Свети Францис, каде што се случило пукањето.

Белата куќа соопшти дека претседателот Џо Бајден бил информиран.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни