Свет

Русија не планира да го затвори прозорецот кон Европа

Русија не планира да го затвори прозорецот кон Европа

Москва не планира „да го затвори прозорецот кон Европа“ што го отвори рускиот цар Петар Велики, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Никој не планира да затвори ништо“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали Русија ќе го „затвори прозорецот кон Европа“ поради тешкотиите во односите со Западот, пренесува РИА Новости.

Тој исто така рече дека претседателот Владимир Путин високо ја цени улогата на Петар Велики во историјата на Русија, па дури и планира да присуствува на настаните на 9 јуни поврзани со 350-годишнината од раѓањето на Петар.

Одлуката на ЕУ да престане да увезува руска нафта е самоуништувачка
МОСКВА – Русија денеска предупреди дека одлуката на Европската унија делумно да го прекине увозот на руска нафта веројатно ќе ги дестабилизира глобалните енергетски пазари и рече дека тоа е „самоуништувачки чекор“ што може да има реперкусии за европскиот блок.

„Одлуките на Европската унија за делумно напуштање на руската нафта и нафтени деривати, како и забраната за осигурување на руските трговски бродови, веројатно ќе предизвикаат дополнително зголемување на цените, ќе ги дестабилизираат енергетските пазари и ќе ги нарушат синџирите на снабдување“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи. а пренесува Танјуг.

Официјална Москва тврди и дека оваа одлука ќе ја загрози економијата на ЕУ, иако претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел изјави дека на овој начин ќе и биде одземена значителна сума на средства од Русија и ќе се создаде дополнителен притисок да се запре воената кампања во Украина.

„Брисел и неговите политички спонзори во Вашингтон сносат целосна одговорност за ризикот од влошување на глобалната криза со храна и енергија, предизвикана од нелегитимни дејствија на Европската унија“, заклучува руското министерство.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни