Русија во моментов окупира 20 отсто од територијата на Украина, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање пред пратениците во парламентот во Луксембург.
„Мораме да се браниме од речиси целата руска армија. „Сите борбено подготвени руски воени формации се вклучени во оваа агресија“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека борбените линии се протегаат на повеќе од 1.000 километри, според Ројтерс.