Свет

Зеленски тврди: Русија окупирала 20 отсто од украинската територија

Зеленски тврди: Русија окупирала 20 отсто од украинската територија

„Русија сега контролира 20 отсто од територијата на Украина“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот за време на видео-врска до парламентот на Луксембург.

„Борбените линии се протегаат на повеќе од 1.000 километри“, рече Зеленски, додавајќи:

„Мораме да се браниме од речиси целата руска армија. Сите руски борбено подготвени воени формации се вклучени во оваа агресија“.

Тој рече дека по 100 Украинци умираат секој ден на истокот на земјата, а уште 450-500 луѓе се повредени, пишува Гардијан.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни