Македонија

Претседателот на бугарскиот културен центар во Битола: Се плашиме, но ќе продолжиме да се бориме за идејата Македонија-Швајцарија на Балканот

Претседателот на бугарскиот културен центар во Битола: Се плашиме, но ќе продолжиме да се бориме за идејата Македонија-Швајцарија на Балканот

Претседателот на бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола утрово во интервју за бугарската БТВ со прв коментар по пожарот. Тој вели дека на камерите се гледа лицето како доаѓа и со бензин го пали влезот на клубот.

„На камерите се гледа дека пожарот е подметнат. Доаѓа лице со бензин и ја пали вратата. Благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица кои спречија поголема трагедија. Тука до нас има станбена зграда и католичка црква“, изјави за БТВ Љупчо Ѓоргиевски – претседател на бугарскиот културен центар во Битола.

Додава дека се плашат, но нема да престанат со работа. Од вчера полицијата 24/7 го чува бугарскиот клуб во Битола.

„Нормално е човек да се плаши, но тоа не значи дека ќе престанеме со работа. Напротив, ќе видиме уште поголеми Ванчо Михајловисти, поголеми Бугари и ќе се бориме за идејата Македонија-Швајцарија на Балканот, каде и Бугарите ќе ги добијат своите права во државата“, додаде Ѓоргиевски во интервјуто за БТВ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни