Македонија

УХМР СО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Многу топло, па попладне дожд, грмеж и град – еве кои делови од Македонија

Денес ќе се задржи многу топло време, попладне со локална појава на пороен дожд и грмежи, а можна е и изолирана појава на град.

Во текот на новата работна седмица под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

И во Скопската Котлина ќе има честа појава на нестабилност, а повремено ќе има услови да биде и во форма на невреме. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни