Македонија

СКОПЈЕ: Парадата на гордоста ќе се одржи на 25. јуни, најавена е и забава на стадионот на АРМ

СКОПЈЕ: Парадата на гордоста ќе се одржи на 25. јуни, најавена е и забава на стадионот на АРМ

Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска одржа прес-конференција посветена на овогодишното издание на Скопје Прајд, кое ќе се одржи на 25 јуни под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда“.

За разлика од претходните две паради на гордоста, годинава времето на одржување се поместува во попладневните часови. Почетната точка, како и досега, ќе биде во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците, а во 19 часот по кратките поздравни говори ќе започне протестниот марш по скопските улици и ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на АРМ во Градскиот парк.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни