Пуштен е за сообраќај патниот правец Росоман-Прилеп, јавува репортер на 4NEWS.mk.
Од утрово поради свлечиште и голема надојдена вода патниот правец кој западот го поврзува со Скопје до автопатот беле целосно затворен.
На терен интеревенираше механизација која е на местото за изградба на експресниот пат.
Станува збор за делот од втората фаза на експресниот пат Градско-Прилеп, од Дреново до Фаришка клисура, каде градежните работи ги изведува компанијата „Синохидро“.
„Тој дел од патот во моментов се прави и поради тоа фирмата која го гради има обврска да го одржува и да интервенира при вакви појави. Ние сме во постојан контакт, во моментов таму се работи на расчистување на одронот и се прави канал за да се насочи водата. Се очекува околу 13 часот, доколку нема нови неповолни временски услови, патот да биде прооден“, вели директорот на ЈП „Македонија пат“ Костадин Ацевски.